
Романскиот голман Јонут Раду минатата сезона не бранеше многу за Интер, но и тоа малку беше доволно сите добро да го паметат, не на добар начин. Тој доби шанса на заостанатиот натпревар меѓу Болоња и Интер бидејќи Самир Хандановиќ се пожали на болки во грбот непосредно пред натпреварот, а потоа направи голема грешка при резултат 1-1, а со тој пораз практично Интер и ја загуби титулата во трката со Милан.
Иако не му е лесно на професионален план, се чини дека на Јонут Раду му оди фантастично на приватен план.
Италијанските медиуми откриваат дека тој е во врска со Мис Италија 2019, Каролина Страмаре, многу позната на Апенинскиот полуостров.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal