
Јувентус во моментот е на третата позиција во Серија А, откако му вратија одземените 15 бодови. Но, процесот е сѐ уште во тек и повторно би можел да ги загуби, а и без тоа „старата дама“ е во лоша финансиска ситуација.
Клубот од Торино го мачат финансиски проблеми и неколку играчи сигурно ќе го напуштат клубот на лето. Меѓу нив би можел да биде и Леонардо Бонучи.
„Старата дама“ би била подготвена да му дозволи на 35-годишниот дефанзивец да ја подмлади одбраната предводена од Масимилијано Алегри, а новата дестинација за Бонучи би можела да биде Англија.
Италијанскиот портал „Качкомеркатовеб“ тврди дека Манчестер Сити на лето ќе го купи Леонардо Бонучи.
Пеп Гвардиола е голем фан на италијанскиот дефанзивец, кого го следи веќе неколку години. Згора на тоа, англискиот тим би можел да доведе одличен играч за малку пари, особено што неговиот договор со Јувентус истекува во летото 2024 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
