Connect with us

Изненадување од Барселона: Белерин се враќа на „Камп Ноу“?

Барселона не успеа да го ангажира Цезар Аспиликуета и сега бара други опции за засилување на десната страна на одбраната.


На „Камп Ноу“ е понуден Хектор Белерин, кој по позајмицата во Бетис минатата година сега се врати во Арсенал. Сепак, тренерот на „топчиите“, Микел Артета, не планира да се потпре на него.

Во Бетис сакаат трајно да го купат Шпанецот, но финансиските проблеми на клубот ја спречуваат реализацијата на зделката. Договорот на Белерин истекува следното лето, а не е исклучено договорот да биде раскинат со меѓусебен договор и така фудбалерот без проблеми да се пресели во нова средина.

Белерин беше младински играч на Барса, а на 16 години замина во Арсенал, каде дебитираше во сениорскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови