
Барселона синоќа беше понижена од лутиот ривал Реал Мадрид, па Каталонците денеска тагуваат. Тимот на Чави беше декласиран од лутиот ривал со 4-1, па прогнозите се дека Хернандез нема уште долго да остане на клупата. Тој беше искрен по поразот.
„Разочаран сум и тажен, но таков е фудбалот и мораме да се помириме со поразот. Штета е, имавме многу надеж пред натпреварот. Лошо почнавме, потоа можевме да се вратиме во мечот, но бевме казнети за сите грешки. Не се чувствувавме добро на теренот, тоа беше видливо. Реал ни задаваше проблеми во транзиција и контранапади. Доживеав многу неуспеси во Барселона, но секогаш можам да кажам – Барса ќе се врати“, изјави Чави.
На крајот тој им се извини на навивачите.
„Одигравме најлошо што можевме, а на крајот ни се случи најлошото можно сценарио. Јас сум одговорен и ги прифаќам сите критики. Продолжуваме да работиме напорно, им се извинувам на навивачите“, истакна тренерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
