Германија ја победи Данска со 2-0 на „Сигнал Идуна Парк“ во осминафиналето на Европското првенство и се пласираше во четвртфиналната фаза, каде ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Шпанија и Грузија. Головите за германската репрезентација ги постигнаа Каи Хаверц од пенал во 53. минута и Џамал Мусиала во 69. минута.
Главниот судија на натпреварот Мајкл Оливер во 35-та минута беше принуден да го прекине мечот поради силно невреме со грмотевици во Дортмунд. Прекинот, предизвикан од силниот дожд и град, траеше околу 25 минути. Но, тоа не беше единствениот необичен настан на натпреварот.
Имено, почетокот на второто полувреме беше одложен бидејќи непознат маскиран маж со ранец на грб се качи на покривот на стадионот.
A man was ARRESTED after climbing up to the top of the stadium after Germany vs Denmark…
— Mail Sport (@MailSport) June 29, 2024
WOW. 🤯 pic.twitter.com/1O4dJiPQaK
„Едно лице се качи на покривот на стадионот во 22:27 часот. Полициските сили му пристапија за да разговараат со него и да му обезбедат безбеден пат за симнување од покривот. За да го направат тоа, полициски хеликоптер го осветли покривот на стадионот. Во моментот не можам да дадам информации за мотивот и идентитетот на тој човек“, изјави портпаролот на германската полиција, Петер Бандерман, во неделата вечерта, пренесува „Кикер“.
Ден подоцна, германските медиуми ги пренесоа наводите на полицијата дека станува збор за 21-годишен маж од Оснабрик, град кој се наоѓа северно од Дортмунд. Тој е уапсен, а полицијата истакна дека „во ниту еден момент не постоеше опасност за другите луѓе“.
Фотографите го уловија моментот кога капитените на Германија и Данска, Илкај Гундоган и Каспер Шмајхел, заедно со судијата Оливер гледаа кон покривот на стадионот во Дортмунд и ја следеа полициската акција.
„Дејли Мејл“ објави фотографии и снимка од маскираниот маж како чекори по гредите на стадионот каде Борусија Дортмунд ги игра своите натпревари. Специјалците извадија оружје и го бркаа додека не се откажа од бегството.
„Билд“ пред почетокот на Еуро објави дека повеќе од 22 илјади полицајци за време на турнирот ќе бидат распоредени на границите, стадионите, аеродромите, железничките станици и останатите клучни места. Сепак, „Дејли Мејл“ истакнува дека маскираното лице без проблеми се качило на стадионот во Дортмунд.
🇩🇪🇩🇰 | After the end of the game between Germany and Denmark, several men from the Spezialeinsatzkommando (German special forces) mobilized at Signal Iduna Park. The reason was a person at the stadium.
— SportSync (@SportSync_UE) June 29, 2024
The police issued a statement: “The police can now arrest the man. At no time… pic.twitter.com/KZsIHnXhFR
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski