Connect with us

Ивановски го постигна четвртиот гол сезонава во дресот на Диошѓер

Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски го запиша и четвртиот гол сезонава во дресот на Диошѓер во унгарскиот шампионат.

Ивановски погоди во гостинската победа на Диошѓер од 0-4 на гостувањето против Хонвед. Македонскиот офанзивец во 70. минута го постигна третиот гол за гостите на мечот.

Во унгарскиот шампионат денеска настапи и Висар Муслиу во дресот на Мол Види кој славеше со 3-0 против Капошвар. На дуелот не настапи Бобан Николов, кој се уште се опоравува од повредата. Кире Ристевски беше во составот на Ујпешт кој загуби на домашен терен од Академија Пушкаш со 2-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови