
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Иван Николов, ја напушти Брегалница и кариерата ја продолжува во Данска. Тој потпиша тригодишен договор со данскиот второлигаш Сондерјиске.
Николов му се придружува на Сефер Емини, кој исто така е член на овој клуб откако пристигна од Македонија ЃП во текот на минатата сезона.
„Во Иван Николов добиваме вреден играч за врска со добро чувство за игра. Тој е редовен во младински репрезентативец на Македонија, а кога е капитен на својата селекција до 21 година, тоа кажува нешто и за неговите квалитети и фудбалски и психолошки. Го поздравуваме доаѓањето на овој талентиран играч кој ќе придонесе за посилен среден ред“, вели спортскиот директор на Сондерјиске, Есбен Хансен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal