Хрватскиот статег Иван Јуриќ ќе биде нов тренер на Торино. Тој денеска ги договорил деталите за да го преземе кормилото на Торино откако имаше успешна сезона со Верона.
„Јуриќ се состана со претседателот и техничкиот директор на Торино во Милано. Во последната рунда се договорени сите детали, Торино му понудил на Јуриќ два милиони евра годишно, што ги прифатил и сега останува да го раскине договорот со Верона кој има важност до летото 2023 година“, открива „Тутоспорт.
Пред пет години, Јуриќ (45) имаше одлични резултати со Кротоне, а потоа трипати ја водеше Џeнова за две години. Последните две години седи на клупата на Верона и повторно оствари резултати подобри од очекувањата позиционирајќи го тимот цврсто на средината на табелата иако и се предвидуваше испаѓање од елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













