
Во Фудбалската федерација на Македонија се одржува итен состанок на Комисијата за натпреварување на кој ќе треба да се донесе конечна одлука за прекинатиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија.
Јасно е дека потоа предметот ќе оди во рацете на Дисциплинската комисија, а за очекување е теренот на стадионот Чаир да биде автоматски суспендиран.
Натпреварот беше прекинат во деветтата минута навивачите на Шкупи влетаа во теренот да се пресметаат со Дашмир Елези, кој постигна гол за Шкендија и замина да се радува пред домашните фанови.
Потоа се случи жестока тепачка, се вклучи и полицијата да го расчистува хаосот, а судијата Јован Качевски донесе одлука за прекин на мечот, при резултат 0-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
