Светот уште не се опорави од смртта на Диего Марадона, а Италија плаче за својот херој Паоло Роси. Тој почина вчера на 64-годишна возраст. Паоло Роси е голгетерот кој ја предводеше Италија до третата светска титула во 1982 година на Светското првенство во Шпанија.
Тој беше предводникот на Италијанците во походот кон трофејот на мундијалот. Со хет-трик го елиминира Бразил, постигна два гола против Полска во полуфиналето, а ја затресе мрежата и на Западна Германија во финалето кое Италија го доби со 3-1.
Паоло Роси беше златна копачка на мундијалот, а потоа ја доби и наградата „Златна топка“ на „Франс фудбал“.
Настапуваше за Јувентус, Милан, Комо, Винченца, Перуџа и за Верона. Освои две титули во Серија А, Куп на шампионите со Јувентус, и по еден трофеј во Суперкупот на УЕФА и Купот на победници на куповите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













