
Швајцарија стана првиот четвртфиналист на Европското првенство, елиминирајќи го актуелниот шампион Италија со победа од 2-0 во осминафиналето во Берлин.
Италијанците покажаа малку на теренот, со целосна немоќ пред голот на противникот и слаба игра во полето, а, што е невообичаено за нив, не успеаја ниту добро да се бранат.
Freuler gives Switzerland the lead against Italy
— Total Euro 2024 (@TotalFootbol) June 29, 2024
🇨🇭 1-0 🇮🇹pic.twitter.com/7Rh2mPxZyB
Ремо Фројлер го доведе тимот на Швајцарија во водство во 37. минута со силен удар од десетина метри.
🚨 GOAL: Switzerland 2-0 Italy!
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 29, 2024
SWITZERLAND’S LEAD IS DOUBLED BY VARGAS! WHAT A FINISH! 🇨🇭 pic.twitter.com/7Lgu0l9bn6
Во почетокот на второто полувреме, Рубен Варгас постигна уште еден прекрасен гол во 46. минута, надмудрувајќи го Џанлуиџи Донарума и правејќи го враќањето на Италија во натпреварот многу тешко.
Скамака се обиде да ја врати надежта во 76. минута, но го погоди дирекот од голот на Швајцарија.
Во четвртфиналето, Швајцарија ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Англија и Словачка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
