Connect with us

Италија на Гатузо игра „лудо“, Шведска загуби од Косово (ВИДЕО)

Квалификациите за Светското првенство вечерва донесоа многу возбудувања и неверојатни резултати.

Најдраматично беше во Дебрецен, каде Италија по вистински трилер со 5-4 го совлада Израел. По првиот дел резултатот беше 1-1, а потоа следуваше голеада – Перец донесе предност за Израел, но Кин и Политано вратија за 2-3. Распадори во 81. минута зголеми на 2-4, но домаќините експресно се вратија со автогол на Бастони и уште еден погодок на Перец за 4-4.


Сепак, радоста на Израел траеше само минута, бидејќи Тонали погоди за конечна победа на „аѕурите“.

Косово приреди сензација во Приштина совладувајќи ја Шведска со 2-0. Херои на домаќините беа Елвис Реџбекај и Ведат Муричи, кои ги постигнаа двата гола во првото полувреме. Иако Швеѓаните настапија со своите најголеми имиња како Ѓокереш, Исак и Еланга, не успеаја да ја совладаат цврстата одбрана на Косовците.

Во другите натпревари, Хрватска убедливо ја победи Црна Гора со 4-0, Шкотска славеше над Белорусија (2-0), Фарските Острови беа подобри од Гибралтар (1-0), Данска го надигра тимот на Грција (3-0), а Швајцарија славеше против Словенија (3-0).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови