Connect with us

Италија и Швајцарија во трка за Катар: Кој ќе даде гол повеќе за да оди на СП

Европскиот првак Италија си го загрози учеството на Светското првенство во Катар откако одигра само 1-1 против Швајцарија на „Олимпико“ во Рим. Жоргињо имаше шанса од пенал да донесе триумф во 90.минута, но не го реализираше. Тоа беше негов втор промашен пенал против Швајцарците откако не го совлада Јан Зомер и на првиот меч.

Но, вечерва следи разврската. Италија и Швајцарија имаат идентични бодови (15), а „аѕурите“ се подобри за два во гол – разликата. Ќе биде невероајтно интересно бидејќи Швајцарија тоа може да го надомести со оглед дека игра дома против Бугарија, а селекцијата на Роберто Манчини гостува во Белфаст против Северна Ирска.

„Уверени сме дека ќе се пласираме на Светското првенство“, порача селекторот на Италија, Роберто Манчини прд вечерашниот дуел со Северна Ирска.

Во групата Ф се е веќе јасно. Данците се пласираа на мундијалот во Катар, а Шкотска ќе игра во баражот за СП.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови