Лидерот Шкупи доживеа непријатна елиминација на пенали од Македонија ЃП во Купот на Македонија, но капитенот Фатих Исмаили вели дека тоа нема да влијае на тимот за денешната првенствена пресметка со Скопје на Автокоманда. Составот на Гоце Седлоски ќе атакува на трите бода.
„Натпреварот од Купот е зад нас. Треба да учиме од грешките и да се подобриме за следните натпревари. Сега сме максимално фокусирани на мечот со Скопје и сакаме да освоиме три бода и да се зацврстиме на првото место“, вели Исмаили.
Академија Пандев ја пречекува Брегалница, Струга Трим Лум е домаќин на Тиквеш, а Шкендија е голем фаворит против Пелистер.
Во Велес, силите ќе ги одмерат Борец и Македонија ЃП.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 16.КОЛО (13 часот)
СКОПЈЕ – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ТИКВЕШ
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal