
Шкупи и Ренова утре (14 часот) ќе го отворат 11. коло во Првата фудбалска лига. Лидерот на табелата го пречекува второпласираниот тим на домашен терен, тоа секако е меч што предизвикува големо внимание и го заслужува епитетот – дерби на колото.
Шкупи по триумфот над Тиквеш (1-0) во Купот на Македонија, е подготвен за новиот предизвик. Тоа го потенцира и капитенот на тимот од Чаир, Фатих Исмаили.
„Утре ја пречекуваме Ренова на Чаир во многу важен натпревар. Подготвени сме да ги реализираме сите задачи што ќе ги зададе нашиот тренер Гоце Седлоски. Не сакам да потсетувам дека нашата цел се трите бода, бидејќи тоа е веќе познато, Шкупи се бори за титула оваа сезона. Се надевам дека и навивачите ќе дојдат и ќе не бодрат во голем број“, изјави Фатих Исмаили, пред мечот со Ренова.
Шкупи се наоѓа на врвот на табелата и има два бода предност пред второпласираната Ренова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal