Connect with us

Иско прави трансфер во Севилја

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Иско Аларкон, ќе игра во тимот на Севилја во следните две сезони. Клубот потврди дека постигнал договор со шпанскиот репрезентативец, останува само тој да ги помине медицинските прегледи в понеделник. Откако тоа ќе се случи, Иско ќе го потпише својот двегодишен договор.


30-годишниот Андалузиец пристигнува на „Рамон Санчез Пижуан“ како слободен играч откако на 30 јуни му истече договорот со Реал Мадрид. Главната причина поради која ја избрал понудата на Севилја е Хулен Лопетеги, кој долго време го посакува во својот тим. Од суштинско значење е и учеството на тимот во Лигата на шампионите. Самиот Иско ги намали финансиските барања за да го олесни процесот.

Иско помина девет сезони во Реал, освојувајќи се што е можно. Во последните години, тој играше се поретко, па затоа и одлучи да замине од „Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови