
Шпанскиот играч за врска Иско го напушта Реал Мадрид, а кариерата би можел да ја продолжи во Милан.
Хакан Чалханоглу го напушти Милан, а на „Сан Сиро“ најдоа замена за него во Мадрид. Милан, кој има одлични односи со челниците на Реал, планира да му понуди на мадридскиот клуб позајмица со можност за откуп на договорот на 29-годишниот фудбалер.
Иско не е во плановите на новиот тренер на Реал, Карло Анчелоти, откако тој не успеа да се наметне ни во претходните две сезони. Уште во јануари, Иско сакаше да го напушти Реал, но остана до крајот на сезоната.
Во дресот на „кралевите“ тој одигра 336 натпревари и постигна 51 гол со 56 асистенции. Минатата сезона одигра 29 натпревари за Реал, но не постигна ниту еден гол и најчесто влегуваше од клупата за резерви.
За Иско се заинтересирани и Арсенал и Севилја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal