Шкупи е подготвен да го предизвика актуелниот шампион Шкендија. Тимот на Умит Каран е во одлична серија, а за овој натпревар на располагање ќе го има и Бесар Исени, кој се опорави од повредата. Единствено ќе отсуствува Бесарт Кривањева поради жолти картони.
Исени од Вардар се врати на Чаир и вели дека во него има големи емоции пред настапот.
„Среќен сум што ја надминав брзо повредата и неколку дена тренирам со тимот. Се надевам дека ќе ја добијам довербата од тренерот и подготвен сум за предизвикот. Имам големи емоции пред мојот настап, посебно пред „Шверцерите“. Шкупи од недела во недела игра се подобро и се надевам дека денеска заедно со навивачите можеме да извлечеме поволен резултат против Шкендија“, вели Бесар Исени.
Натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија ќе се одигра на стадионот Чаир, со почеток во 14 часот, а ќе го суди Марјан Маркоски од Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













