Connect with us

Иранците бараат ФИФА да им ја исфрли репрезентацијата од Светското првенство

Група ирански спортисти побараа од Меѓународната фудбалска федерација ФИФА да ја исфрли иранската репрезентација од претстојното Светско првенство поради бруталноста на владата кон сопствениот народ, но и поради тоа што на жените со години им беше забранет пристапот до стадионите.


Меѓу потписниците на писмото се и ФИФА судијата, Мохамед Реза Фегани, шампионот во џудо Вахид Сарлак и поранешниот фудбалер Шива Амини, објави денеска „Скај“

Писмото го објави спортската компанија од Валенсија, Руиз-Хуерта и Креспо.

„Бруталноста и воинственоста на Иран кон сопствениот народ достигна крајна точка, барајќи недвосмислено и цврсто одвојување од светот на фудбалот и спортот. Фудбалот, кој треба да биде безбедно место за сите, не е безбеден за жените, па дури и за мажите“, се вели во соопштението.

„На жените постојано им се забранува пристап до стадионите ширум земјата и се систематски исклучени од фудбалскиот екосистем во Иран, што е во целосна спротивност со вредностите и статутите на ФИФА“.

Светското првенство ќе се игра во Катар од 20 ноември до 18 декември.

Репрезентацијата на Иран е во група со Англија, Велс и селекцијата на САД.

Протестите во Иран почнаа на 16 септември поради смртта на 22-годишната Маша Амини, која неколку дена претходно беше приведена поради неправилно носење хиџаб.

Иранската полиција брутално ги задушуваше протестите, стотици демонстранти беа уапсени, а повеќе од 120 лица загинаа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови