Репрезентацијата на Иран на шокантен начин стигна до победа од 2-0 против Велс, со голови постигнати после речиси 100 минути игра. Велс остана со играч помалку во 86.минута, а Иран тоа го искористи во фотофиниш.
Стрелец на првиот гол беше Розбех Чешми во 98.минута, а три минути подоцна погоди и Рамин Разеиан.
Иран имаше бројна предност на теренот од 86.минута, кога голманот на Велс, Вејн Хенеси, доби црвен картон, откако стартуваше грубо над противнички играч надвор од својот шеснаесетник.
Иранците успеаја да постигнат два гола во судиското продолжение и да дојдат до триумф.
Во третото коло, Иран ќе игра против Соединетите Американски Држави, додека Велс се среќава со Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













