Tренерот на Интер, Симоне Инзаги, не беше премногу разочаран по поразот од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ претрпеа пораз по голот на Норди Мукиеле во 90.минута, но Инзаги е сигурен дека тоа нема да му пречи на тимот да заврши меѓу првите осум во групната фаза на турнирот.
„Поразот нема да влијае на нашиот пат во Лигата на шампионите. Како и да е, утре ќе бидеме во топ 8. Нашето квалификување за следната фаза останува во наши раце. Ремито ќе ни беше доволно, но тоа не би решило ништо“, изјави Инзаги.
Тој исто така призна дека Интер не го покажа најдоброто од себе во нападот.
„Требаше да покажеме повеќе во офанзивен план. Баер нѐ надмина во тој поглед. Противникот беше многу организиран, а ние не бевме на вообичаеното ниво кога се работи за поседот на топката“, коментира тренерот на Интер.
„Ќе размислуваме за Лигата на шампионите во јануари, а дотогаш имаме важни натпревари во Серија А, Купот на Италија и во Суперкупот“, додаде Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













