Connect with us

Инзаги: Задоволен сум, но ова не е резултат што ни гарантира финале

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ги пофали своите играчи за победата од 2-0 против Милан во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите. Раните голови на Един Џеко и на Хенрик Мхитарјан им донесоа на „нероаѕурите“ трет последовен успех против градскиот ривал и ги доближија до големото финале.


„Јас сум многу задоволен. Првото полувреме го одигравме брилијантно. Можевме да постигнеме повеќе од два гола. Веќе стекнавме искуство во елиминациите и знаеме дека ова беше само половина работа. Во реваншот ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи и мора да направиме уште еден напор за да го оствариме нашиот сон“, изјави Инзаги.


„Момците ја покриваа секоја точка од теренот, си помагаа. Правилото за голови на гости веќе не важи, па победата од 2-0 како симболичен гостин не нѐ прави мирни. Овој резултат не е толку голема предност како што би бил во претходните години. За 72 часа имаме важен натпревар во Серија А против Сасуоло. Ваквите натпревари бараат многу сила, па ќе размислиме дали да сочуваме некои играчи кои нема да бидат подготвени со 100% од силите“, додаде тренерот на „нероаѕурите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови