Connect with us

Инзаги: Сум го освоил „скудетото“ во ваква ситуација, не е невозможно

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги,останува оптимист дека неговиот тим може да го освои „скудетото“. Синоќа „нероаѕурите“ победија со 3-1 на гости против Калјари и со тоа заостануваат два бода зад лидерот Милан пред натпреварите од последното коло.


Проблемот е што Интер дури и да победи на домашен терен против Сампдорија, ќе мора да чека пораз на Милан за да го симне од врвот. Сепак, Инзаги смета дека тоа е можно. Нешто слично како фудбалер веќе има направено со Лацио во 2000 година.

„Не беше лесно, знаејќи дека Милан веќе победи, но тимот одигра многу добро против противник кој знае да прави проблеми дома. Честитки за тимот , бидејќи никогаш нема загарантирана победа, особено откако во средата одигравме 120 минути во Купот на Италија“, изјави Инзаги.

Тој се уште се надева дека Интер може до „скудетото“.

„Сасуоло е силен тим, има многу индивидуален талент. Очекувам многу интересно последно коло од сезоната. Некои ќе се борат за своите места во Европа, други за да се спасат од испаѓање. Ние ќе мора да победиме и да чекаме Милан да загуби. Но, тоа веќе се има случено и јас на таков начин сум освоил титула. На сличен начин победивме со Лацио, кога имавме негатива од два бода, но Јувентус загуби од Перуџа, па зошто тоа да не се повтори“, додаде тренерот на Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови