
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека целта на тимот е да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Гигантот од Милано ќе се сретне со Порто во осминафиналето.
„Втора година по ред играме во осминафиналето. Го респектираме Порто, долги години им оди многу добро во Лигата на шампионите. Одлично го познавам главниот тренер Серџо Консеисао. Тој беше во мојот тим, се дружевме во Лацио многу години. Нашата цел е да одиме понатаму и да го оствариме сонот на нашите навивачи. Помина долго време откако не сме биле во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Нема да биде лесно и ќе мора да работиме напорно. Ќе бидат тоа два одлични натпревари и ќе бидеме подготвени за нив“, изјави Инзаги.
Натпреварите се закажани за 22 февруари и 14 март, а во првиот меч Интер ќе биде домаќин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
