
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го прифати предлогот на раководството на клубот за нов договор. Двете страни ќе се обврзат на соработка до 2024 година.
Инзаги дојде на кормилото на „нероаѕурите“ пред почетокот на минатата сезона и успеа да освои два трофеи, Купот на Италија и Суперкупот. Сепак, неговиот тим не ја прослави шампионската титула, завршувајќи два бода зад градскиот ривал Милан во Серија А.
Новиот договор со Интер на Симоне Инзаги ќе му донесе зголемување на платата. Тој моментно заработува 4 милиони евра годишно, но неговата плата ќе скокне на 5,5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
