Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, исто така не беше целосно задоволен по нерешениот резултат 0:0 со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Тој жали што неговиот тим не ги искористил подобро своите шанси за да постигне гол и да си замине со трите бода од „Итихад“.
„Момците одиграа добро. Знаевме за класата на нашиот противник, но можевме да ги повредиме повеќе. Во второто полувреме страдавме, а шансите на Дармијан и на Мхитарјан можеа да бидат реализирани. Им честитав на играчите, но сега гледаме напред“, изјави Инзаги.
Тој го коментираше и решението да ја остави ѕвездата на тимот, Лаутаро Мартинез, на клупата за резерви.
„Сите мои фудбалери работат напорно и заслужуваат да играат. Моја работа како тренер е да ги донесувам овие одлуки и да размислувам што е најдобро за Интер. За жал, не можам да искористам повеќе од 15 играчи во еден натпревар“, заврши Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













