Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази незадоволство по минималниот пораз од 0-1 против Јувентус во „Дербито на Италија“. Според него, тимот одиграл добар натпревар, но не успеал да ги искористи создадените шанси, што на крајот го чинело бодови.
„Разочарани сме, бидејќи покажавме храброст и добра организација, но недостигаше ефикасност. На полувреме заслужувавме да водиме, но не ги искористивме шансите. Во вториот дел влеговме малку побавно, а кога конечно почнавме да напаѓаме, примивме гол. Не треба да зборуваме многу – потребна е поголема работа, затоа што моментално не правиме доволно“, изјави Инзаги.
Ова беше втор пораз во низа на гостински терен за Интер, по убедливите 0-3 од Фиорентина, што е дополнителна причина за загриженост.
„Двата натпревари беа сосема различни, но загубивме повторно. Наместо да анализираме премногу, треба да ги спуштиме главите и да работиме понапорно. Директните дуели со конкурентите мора да ги одиграме подобро“, додаде стратегот.
Интер сега го насочува вниманието кон следните предизвици, а особено важен ќе биде дуелот со Наполи, кој може да има огромно значење во трката за титулата.
„Нѐ чекаат важни натпревари, најпрво со Џенова и Лацио, а потоа со Наполи. Тоа ќе биде директен дуел со еден од главните конкуренти. Ќе направиме сè да се вратиме на победнички патеки и да одиграме подобро отколку против Јувентус“, порача Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













