Connect with us

Инзаги: Ќе победиме на 9 од 10 натпревари против Милан

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го опиша како незаслужен поразот со 1-2 од Милан во големото дерби од 24. коло на Серија А. „Нероаѕурите“ поведоа со голот на Иван Перишиќ во 38. минута, но Милан направи пресврт во второто полувреме, кога двапати стрелаше Оливир Жиру.


„Тоа е фудбал. Доминиравме во секој поглед, но загубивме. Тие имаа среќа при првиот гол, а за вториот покажаа итрина. Го загубивме натпреварот во последните 25 минути, кога ни недостасуваше острина и ја загубивмр контролата над топката. Ќе победиме на 9 од 10 натпревари против Милан. Не заслуживме да загубиме во дербито, но за жал таков е фудбалот“, изјави Инзаги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови