Connect with us

Инзаги: Интер не можеше да посака поубав старт на сезоната

Актуелниот италијански првак Интер на одличен начин ја почна одбраната на шампионската титула во Серија А. Новиот тренер Симоне Инзаги го пофали својот тим за играта и победата над Џенова (4-0).


На „Џузепе Меаца“, играчите на Интер ги декласираа своите ривали од Џенова, и сите беа брилијантни, а особено новите засилувања Един Џеко и Хакан Чалханоглу кои постигнаа по еден погодок и забележаа асистенција.


„Започнавме на најдобар начин пред навивачите, не можев да очекувам подобро деби. Сигурен во квалитетите на тимот и верувам дека ќе расте во текот на сезоната. Заминувањето на Лукаку беше неочекувано, но го поправивме со Џеко, кој веднаш покажа дека е врвен играч. Чалханоглу беше одличен, сите беа одлични, и не заборавајте дека ни недостасуваа играчи како Лаутаро, Галјардини, Санчез …” , истакна новиот тренер на „нероаѕурите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови