
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не го криеше своето задоволство по големата победа од 1-2 над Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, одигран на „Алијанц Арена“.
„Секако дека сме среќни со резултатот. Мислам дека Баерн победи на 23 од своите последни 27 натпревари од Лигата на шампионите на домашен терен, а другите четири завршија нерешено. Затоа направивме нешто навистина импресивно. Но, тоа нема да значи ништо ако не го потврдиме успехот на реваншот на ‘Сан Сиро’“, изјави Инзаги по натпреварот.
„Противникот се обиде да нѐ притиска, но ние одигравме квалитетно и знаевме како да излеземе од таа пресинг игра. Двете акции за нашите голови започнаа од Јан Зомер. Можеше да се двоуми, но наместо тоа, ги започна вистинските комбинации кои доведоа до голови. До самиот крај верувавме во победата, иако непосредно пред тоа примивме гол“, продолжи тренерот на „нероаѕурите“.
„Знаевме дека треба да ја преземеме иницијативата од Баерн, што значеше да ја држиме топката, а не само да ја исфрламе напред. Домашните вршеа силен притисок во второто полувреме, но ние останавме сконцентрирани и подготвени за опасни напади. Начинот на кој го постигнавме победничкиот гол во финишот покажува колку силно веруваме во нашата игра и во принципите што ги негуваме речиси четири години“, додаде Симоне Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
