
Инциденти го одбележаа Белград пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Црвена ѕвезда и Штутгарт. Навивачите на Црвена ѕвезда, познати како „Делии“, нападнаа поддржувачи на Штутгарт кои пристигнале во српската престолнина за да го бодрат својот тим.
Според српскиот медиум „Телеграф“, инцидентот се случил во центарот на Белград, на Зелен венец, каде група навивачи на германскиот клуб престојувале во кафулиња. Настанот ескалирал во физичка пресметка, во која еден навивач на Штутгарт добил сериозни повреди.
Delije pretukle navijače Štutgarta pic.twitter.com/5csa57kCpy
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 27, 2024
На социјалните мрежи се појавија видеа од инцидентот, а очевидци истакнаа дека нападнатите зборувале на турски и германски јазик. Навивачите на Штутгарт биле претходно предупредени за можноста од вакви ситуации, со оглед на репутацијата на домашната навивачка група, која е позната по насилство и поврзаност со криминални активности.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
