Белгијците играат очајно на Светското првенство, а атмосферата во селекцијата е уште полоша. Белгискиот „РТЛ“ открива дека на последниот тренинг се случила физичка пресметка меѓу Кевин де Бруин, Еден Азар и Јан Фертонген.
Лукаку морал да ги раздвојува „завојуваните“ страни.
Белгиските медиуми пишуваат за екстремно лошите односи во репрезентацијата.
Тибо Куртоа и Кевин де Бруин не разговараат со години, а причината е што поранешната девојка на ѕвездата на Манчестер Сити реши да го изневери со голманот на Реал.
Мичи Батшуаји и Ромелу Лукаку не се во добри односи, исто како и Еден Азар и Леандро Тросар.
Оттаму и „прекините“ во комуникацијата и на теренот.
Белгија досега освои три бода на Светското првенство во Катар откако ја победи Канада со 1-0, а во второто коло доживеа пораз од Мароко.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













