Интер ја оствари 11. победа во Серија А оваа сезона откако на „Џузепе Меаца“ славеше убедливо против Кротоне со 6-2. Лаутаро Мартинез постигна хет – трик на овој меч.
Кротоне изненади со водство во 12.минута со голот на Николо Занелато, а Лаутаро Мартинез израмни осум минути подоцна. Во 31.минута, по акцијата на Лаутаро Мартинез, автогол постигна Мароне, а првиот дел сепак заврши 2-2, откако Големиќ од пенал успеа да израмни.
Но, Интер беше убедлив во второто полувреме. Лаутаро Мартинез во 57.минута донесе ново водство за Интер, седум минути подоцна Ромелу Лукаку зголеми на 4-2, Лаутаро стигна до хет – трик во 78.минута, а последниот гол беше дело на Ашртаф Хакими.
Интер се искачи на врвот на табелата со 36 бода, два повеќе од Милан кој вечерва му гостува на Беневенто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













