Интер забележа убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го Кремонезе со 4-1 и се израмни со водечките тимови во Серија А, кои имаат и натпревар помалку.
Играч на натпреварот беше Анге-Јоан Бони, младото француско крило на „нераѕурите“. 21-годишниот напаѓач имаше хет-трик асистенции, а еднаш се запиша и во листата на стрелците. Одличен беше и Федерико Димарко.
Првиот гол на натпреварот го постигна капитенот Лаутаро Мартинез во 6. минута, а по поништениот погодок на Аканџи во 12. минута, следеше одговор од Бони кој зголеми на 2-0. Во второто полувреме, Бони беше асистент за Димарко и Барела во 55. и 57. минута, за конечни 4-0 на „Џузепе Меаца“.
Пред крајот на мечот, Кремонезе успеа да постигне почесен гол преку Бонацоли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













