Интер ѝ се одмазди на Фиорентина со победа од 2-1 и направи значаен чекор кон врвот на табелата во Серија А, каде што лидер останува Наполи. Сега „нероаѕурите“ имаат само бод помалку.
Откако избраниците на Симоне Инзаги загубија во Фиренца во претходниот натпревар, овојпат успеаја да слават во Милано. Натпреварот беше исполнет со контроверзни судиски одлуки, кои имаа влијание врз двата тима.
Интер поведе со автогол на Понграчиќ, иако постоеше сомнеж дека топката претходно го напуштила теренот. Фиорентина израмни во 44. минута со гол од пенал на Мандрагора, кој беше досуден поради игра со рака во казнениот простор – одлука што исто така предизвика полемики.
Во второто полувреме, Марко Арнаутовиќ донесе три бода за Интер, постигнувајќи го победничкиот гол во 52. минута по одлична асистенција на Карлос Аугусто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













