Италијанскиот калчолигаш Интер во 2021 година би може да добие нов спонзор на дресовите, откако веќе 25 години го носи логото на производителот на автомобилски гуми „Пирели“. Како што објавија италијанските медиуми, Интер се надева дека ќе успее да склучи зделка со азиска компанија и во иднина на својот дрес да го носи логото на „Evergrande“, „Hisense“ или „Samsung“.
Кинеската компанија „Evergrande“ се занимава главно со изградба и продажба на станови и во последните неколку години е највредната компанија во светски рамки на пазарот на недвижности. „Hisense“, исто така, е кинеска компанија, што се занимава со производство на телевизори и бела техника, додека јужнокорејскиот „Samsung“ е најголем светски производител на електронски апарати.
Во Интер се надеваат дека новиот спонзорски договор ќе им носи годишен приход од околу 35 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













