Connect with us

Интер почна преговори со Толисо

Италијанскиот првак Интер е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо. Тој влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен и нема да ја продолжи соработката со клубот од „Алијанц арена“.


Толисо ќе си замине како слободен агент, а Интер сака да го доведе на лето. Раководството на клубот е подготвено да ги исполни неговите барања за висината на годишната плата, со оглед дека ќе го добие без отштета.

Тотенхем е најголемиот ривал на Интер во трката за Толисо. Антонио Конте исто така би сакал да го види Толисо во составот на англискиот премиерлигаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови