
Интер сака на лето дополнително да ја зголеми конкуренцијата во нападот на лето. Како што откриваат италијанските медиуми, на актуелниот шампион му е понуден Дивок Ориги, џокерот на Ливерпул кој треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен играч.
Ориги е член на Ливерпул од 2018 година кога пристигна од Волфсбург, а сега е време да се збогува. Тој не е во сериозните планови на Клоп и оваа сезона одигра само 10 натпревари, од кои пет во Лигата на шампионите, а успеа да постигне пет гола и забележа две асистенции.
Неодамна и самиот Клоп изјави дека би сакал Ориги да најде тренер кој ќе може да му даде повеќе шанси за настап.
„Дивок Ориги е неверојатен напаѓач, но од различни причини не игра толку често. Се надевам дека еден ден ќе најде тренер кој ќе му даде повеќе шанси од мене. Тој е еден од најсмртоносните напаѓачи што ги имам некогаш видено. Имаме одлично напаѓачко трио, Мане, Фирмино, Салах, така што тој не игра многу. И покрај тоа, Ориги повторно го сака клубот и дава свој придонес секогаш кога може“, изјави германскиот стручњак.
Ориги би бил петти напаѓач во Интер покрај Един Џеко, Лаутаро Мартинез, Алексис Санчез и Хоакин Кореа, па би било интересно да се види кој ќе го напушти Интер. Јасно е дека нема да има место за сите петмина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
