Интер би можел да се раздели со тројца ветерани од својот состав летото, пишува „Калчомеркато“. Станува збор за тројца играчи чиј договор истекува во 2026 година, но од клубот разгледуваат можност да ги прекинат со една година порано. Овие играчи се Хенрик Мхитарјан, Франческо Ачерби и Матео Дармијан.
Четворица други играчи на „нероаѕурите“ имаат договори кои истекуваат на крајот на сезоната, и се очекува и тие да ја напуштат екипата. Тоа се Хоакин Кореа, Марко Арнаутовиќ, Рафаеле Ди Џенаро и Стефан Де Фрај. Последниот има опција за продолжување на договорот за уште 12 месеци, која сепак може да биде активирана од раководството на клубот.
Во однос на Мхитарјан, Ачерби и Дармијан, тројцата се веќе во напредната фудбалска возраст и веројатно тоа е и главната причина зошто Интер разгледува предвремено раскинување на нивните договори. Мхитарјан има 36 години, Ачерби 37, а Дармијан 35.
Ако дојде до предвремено раскинување на договорите на овие тројца фудбалери, Интер сигурно ќе им плати компензации за да им надомести за разделбата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













