Connect with us

Интер ќе продаде тројца напаѓачи за да го доведе Мохамед Салах

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах е поблиску до заминување, отколку до останување во редовите на Ливерпул. Тоа го потврди и самиот, истакнувајќи дека засега нема понуда за да остане на „Енфилд“ од раководството на Ливерпул.


Подолг период се најавува негово заминување во Саудиска Арабија, но најнова вест од Италија е дека интерес за Мохамед Салах покажал и Интер, кој е подготвен на сè за да го донесе Египќанецот следното лето на „Меаца“ и тоа му го ставиле јасно до знаење.

Интер се вклучи во трката за потписот на Салах, а на „Џузепе Меаца“ се подготвени да се ослободат дури од тројца офанзивци за да направат простор во буџетот за неговата плата.

Тие се решени следното лето да ги продадат Марко Арнаутовиќ, Мехди Тареми и Хоакин Кореа, со цел на Салах да му понудат договор кој нема да може да го одбие.

Салах пред да потпише за Ливерпул настапуваше за Рома и добро ги познава приликите во Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови