Сè уште се чека официјална потврда за доаѓањето на Иван Перишиќ во Тотенхем, но Интер се прости од хрватскиот репрезентативец, а во Лондон се чека неговото претставување. Интер веќе работи неговите замени, а тоа се Федерико Бернардески и Фабијано Паризи.
Перишиќ си заминува од Интер како слободен играч откако не се согласи да го продолжи договорот со миланскиот клуб. Проблемот што сега го има Интер треба да се компензира, но, според италијанските медиуми, Бернардески бара најмалку 3 милиони евра по сезона и е во преговори со Наполи.
Доколку тој план не успее, Интер ќе се сврти кон Паризи. Интер нема намера да троши премногу бидејќи веќе во јануари го донесе Робин Госенс од Аталанта како замена за Перишиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













