
Холандскиот десен бек Дензел Дамфрис го продолжи договорот со италијанскиот клуб Интер до летото 2028 година.
Дамфрис, кој се приклучи на клубот во 2021 година, досега одигра 147 натпревари за „нероаѕурите“.
„Интер Милано потврдува дека Дензел Дамфрис го продолжи својот договор. 28-годишниот играч за врска потпиша до 30 јуни 2028 година“, објави клубот.
Дамфрис, кој беше трансферна цел на Манчестер Jунајтед под водство на Ерик тен Хаг, оваа сезона има одиграно 15 натпревари.
Интер е на второто место во Серија А со само еден бод заостанување зад лидерот Наполи, а во Лигата на шампионите има остварено четири победи во пет натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
