Connect with us

Интер го стартува шампионатот на гости кај Џенова, а против Милан ќе игра во петтото коло

Шампионот Интер со гостувањето кај Џенова ќе ја започне одбраната на титулата во Серија А. Ова одлучи денеска ждребот за новиот шампионат во Калчото.


Првенството започнува викендот на 17/18 август. Во првото коло нема дерби, Јувентус е домаќин на Комо, а Милан на Торино.

Истото може да се каже и за вториот круг, но од третиот станува поинтересно. Во него влегуваат дуелите Јувентус – Рома и Лацио – Милан. Првата битка меѓу Милан и Интер е закажана за петтото коло кога ќе има и дуел меѓу Јувентус и Наполи.

„Дерби Д’Италија“ меѓу Интер и Јуве е во 9. коло.

Новата година ќе започне со гладијаторскиот натпревар за Рим меѓу Рома и Лацио (4/5 јануари, 19. коло).

Првенството ќе заврши на 25 мај 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови