Интер го продолжи договорот со својот извршен директор Џузепе Марота до летото 2027 година, пренесуваат италијанските медиуми. Ова го соопшти претседателот на клубот Стивен Жанг за време на состанокот на Управниот одбор на миланскиот клуб.
Бепе Марота, кој беше долгогодишен менаџер на големиот ривал Јувентус, му се приклучи на Интер на крајот на 2018 година. Оттогаш тој одигра важна улога во позитивниот развој на „нероаѕурите“ во последните години.
Во овој период клубот освои една титула во Серија А, два Купа на Италија и два Суперкупа на Италија, а играше и во едно финале во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Се очекува и двајцата спортски директори Пјеро Аусилио и Дарио Бачин наскоро да добијат договори до 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













