Италијанските медиуми откриваат дека Интер е подготвен да разгледува понуди за својот играч од средниот ред, Хакан Чалханоглу, и може да го продаде за сума помеѓу 35 и 40 милиони евра. Турскиот гигант Галатасарај е еден од клубовите заинтересирани за Чалханоглу, привлечен од можноста за настап во Лигата на шампионите и амбициозниот проект на тимот по доаѓањето на Лирој Сане.
Според информациите, Интер планира да го искористи приходот од трансферот на Чалханоглу за да се обиде да го доведе Никола Ровела од Лацио. По завршувањето на двегодишната позајмица, Лацио ја активираше откупната клаузула и сега Ровела е достапен за сума од 50 милиони евра.
Иако во Јувентус никогаш не доби вистинска шанса и беше позајмуван во Џенова, Монца и Лацио, Ровела сега има шанса да стане вистинска сензација во Интер.
Ровела има само 23 години, но има значително искуство со 127 настапи во Серија А. Со својот стил на игра како дефанзивен централен играч за врска, тој е идеална замена за осум години постариот Чалханоглу.
Италијанските медиуми открија и дека целото семејство на Ровела е навивач на Интер и дека со нетрпение очекуваат средниот играч да го облече дресот на тимот од „Џузепе Меаца“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













