Connect with us

Интер го продава Алексис Санчез

Интер ова лето сака да се ослободи од крилниот напаѓач Алексис Санчез. Раководството на „нероаѕурите“ се надева дека ќе го продаде Чилеанецот за да ги намалат трошоците за плати. Според италијанските медиуми, Интер е согласен да го продаде Алексис Санчез ова лето за само 4 милиони евра.


Алексис дојде на „Џузепе Меаџа“ во 2020 година приклучувајќи се како слободен агент. Договорот на играчот со Интер е со важност до 30 јуни 2023 година.

Напаѓачот оваа сезона одигра 19 натпревари во Серија А, постигна два гола и забележа три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови