
Италијанскиот гигант Интер официјално го претстави новиот напаѓач Анж-Јоан Бони. 21-годишниот Французин пристигнува од Парма за сума од 24 милиони евра плус бонуси, а потпиша договор со миланскиот клуб на пет години.
Бони, кој беше клучен играч во Парма, сега ќе има шанса да се докаже на многу повисоко ниво, следејќи го својот поранешен тренер Кристијан Киву, кој ова лето го презеде кормилото на „нерoаѕурите“.
Младиот офанзивец предизвика интерес од неколку европски клубови, меѓу кои Наполи и Штутгарт, но Интер беше најбрз и најконкретен во преговорите.
Анж-Јоан Бони се приклучи на Парма во 2021 година од францускиот Шатору како слободен агент. За време на својот престој на „Енио Тардини“, запиша 117 настапи, постигна 15 голови и додаде 12 асистенции.
Со неговиот ангажман, Интер добива млад и перспективен напаѓач кој се очекува да внесе свежина и брзина во нападот на тимот.
Objective reached ✅
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) July 5, 2025
Bienvenue, Bonny 🖤💙#ForzaInter #WelcomeAngeYoan pic.twitter.com/GElqCZaGIM

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
