
Италијанскиот првак Интер се спаси од елиминација во регуларниот дел, а потоа по продолженија успеа да се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија, совладувајќи го Емполи со 3-2. Симоне Инзаги направи неколку замени, но потоа мораше да ги стави во игра најдобрите играчи за да не биде поразен.
Алексис Санчез во 13.минута донесе предност за „нероаѕурите“, но Емполи во второто полувреме се погрижи за пресврт. Недим Бајрами израмни, а потоа Емполи поведе со автоголот на голманот Раду.
Андреа Ранокија го спаси Интер од елиминација во 90.минута, а Стефано Сенси со погодокот во 104.минута ја отвори вратата од четвртфиналето.
Интер во следната рунда од Купот на Италија го чека победникот од дуелот меѓу Рома и Лече.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
