
Интер го заoкружи летниот преоден рок со потписот на дефанзивецот Тијаго Томас Паласиос за 6,5 милиони евра, плус бонуси. Договорот на 21-годишниот Аргентинец е до летото 2029 година.
Со ова, Интер ја заокружи својата трансферна селекција за ова лето со четири нови засилувања, Паласиос, напаѓачот Мехди Тареми и играчот од средината на теренот Пјотр Зиелински, кои пристигнаа како слободни агенти, и голманот Хосеп Мартинес од Џенова.
Трансферната сума од трансферот ќе биде распределена меѓу два клуба, Талјерес, чија сопственост беше Паласиос, и Индепендиенте Ривадавиа, каде што беше позајмен. За овие два клуба, Паласиос одигра вкупно 24 натпревари и исто така беше дел од младинската репрезентација на Аргентина до 20 години.
Welcome 🇦🇷#ForzaInter #WelcomeTomas
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) August 30, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
