
Атлетик Билбао се пласира во полуфиналето на Купот на Шпанија откако по продолженија ја елиминираше Барселона победувајќи со 4-2. Браќата Ињаки и Нико Вилијамс се покажаа кобни за тимот на Чави Хернандез.
Барселона по овој пораз најверојатно ќе остане и без трофеј оваа сезона во Шпанија.
Горка Гурузета уште во првата минута донесе водство за баскискиот тим, а израмни Роберт Левандовски во 26.минута, по една грешка на домашниот голман.
Ламин Јамал во 32.минута се погрижи за целосен пресврт, но во вториот дел Атлетик Билбао повторно израмни преку Охиан Санцет во 49.минута.
Немаше победник по 90 минути, па мечот отиде во продолженија, а во нив Атлетик Билбао постигна уште два гола. Ињаки Вилијамс погоди за 3-2 во 105.минута, а во последните мигови од мечот Нико Вилијамс го постави конечниот резултат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
